Папата Франциско слетал во Скопје на аеродром – без радар

Утрото на 7-ми мај кога Папата Франциско слета на скопскиот аеродром не работел основниот радарски систем, објави телевизија Телма.

Во април и во мај оваа година основниот радар на скопскиот аеродром не функционирал, и тогаш навигациските служби работеле според бекап, народски кажано резервни процедури и со полуисправен радар.

„Во скопската кула на летање може да се потпрат само на еден исправен радар што контролира и полетување и и слетување,  и контролорите многу често се потпираат на радарот на кулата кој е најстар и веќе треба да се расходува“. 

SHARE