Утрово Папата Франциск притигна в еднодневна и прва историска посета на Македонија.

На скопскиот аеродром тој беше пречекан со традиционалното леб и сол, а веднаш потоа од претседателот  Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев.

По официјалниот пречек, поглаварот на Римокатоличката црква во претседателската резиденција Вила Водно на официјална цеременија ќе има побраќање пред претставници на македонскиот државен врв, граѓанските организации и дипломатскиот кор. Планирана е и средба на папата со верските лидери во Спомен куќата на Мајка Тереза. Кулминација на посетата треба да биде Светатат литургија со папата на плоштадот Македонија

На мистата што треба да ја одржи на Градскиот плоштад тој ќе се обрати пред околу 15.000 граѓани,

Поради посетата на папата Франциск патот до Меѓународниот аеродром Скопје беше затворен за сообраќај од 7:30 часот до 9 часот, поради што сите патици кои имаат утрински летови требаше да стасаат на аеродромот до седум часот.

SHARE