Фудбалерите на Пари Сен Жермен го нокаутираа забревтаниот Манчестер јунајтед со 2:0 на „Олд Трафорд“ и со една нога зачекорија во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Првиот пораз на „ѓаволите“ под водство на Оле Гунар Солшер по 10. победи и едно реми во сите натпреварувања го навести Преснел Кимпембе во 53. минута, а го запечати Килијан Мбапе седум минути подоцна.

И без повредените Нејмар и Единсон Кавани, „светците“ обезбедија голема предност пред реваншот на 6 март во Париз, а на рака му оди и црвениот картон на Пол Погба во завршницата од натпреварот.

Со позитива, но минимална од 2:1, по првиот осминафинален дуел вечерва е и Рома против Порто благодарејќи на двата гола на Николо Ѕаниоло во 70 и 76 минута. Забавата на домашните навивачи на Олимпискиот стадион во Рим им ја расипа Адријан Лопез во 79. минута.

SHARE