Париз му порача на Трамп: Оставете ја нашата нација на мир

Француската влада го повика Доналд Трамп да не се меша во француската политика откако американскиот претседател објави твитови за протестите и за Парискиот климатски договор.

„Ние не се мешаме во американска домашна политика и сакаме тоа да биде реципрочно“, изјави Жан-Ив Ле Дриан за телевизијата LCI.

„Ова му го кажувам на Доналд Трамп, а и францускиот претседател го вели истото: оставете ја нашата нација на мир”.

Американскиот претседател во саботата објави два твита кои се однесуваат на анти-владините протести „жолтите елеци“.

„ Многу тажни ден и ноќ во Париз. Можеби е време да се стави крај на смешни и екстремно скапиот Париски договор и да се вратат парите назад кон луѓето во форма на пониски даноци“ напиша Трамп на Твитер.

Претходно тој исто така објави: „Парискиот договор не функционира толку добро за Париз. Протести и немири низ цела Франција“.

Протестите во Франција не се директно поврзани со Парискиот договор за климата, кој беше потпишан во 2015 година и оттогаш беше напуштен од Трамп, на големо разочарувањео на францускиот претседател Емануел Макрон и на другите западни лидери.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.