Франција денеска  стравува од 4 продолжение на насилните судири низ целата земја, по најавените нови протести движењето „жолти елеци“, против економските политиките на претседателот Емануел Макрон и премиерот Министерот Едвард Филип.

Околу 90.000 полицајци и жандарми се ставени во „во борбена“ готовност низ Франција и 8.000 во Париз, а само на авенијата Шанзелизе се поставени 12 оклопни возила.

Утринава околу 7 часот биле легитимирани 121 лице, а 34 беа уапсени, од кои повеќето во Париз, само неколку часа пред планираната нова мобилизација на „жолтите елеци“.

 

Се работи за луѓе кои пристигнале во Париз и кај кој биле пронајдени маски, железни прачки, чекани…

Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, изјави дека се очекува мобилизација и на „екстремни елементи“.

 

Властите по секоја цена сакаат да избегнат повторување на сцените од минатата сабота, особено оние со епизодите на Париз кои го потресоа јавното мислење во Франција и низ целиот свет.