Партија му бара 5 гласови за да го вработи во комунално претпријатие (ФОТО)

Сериозни индиции за изборна корупција и криминал во Јавното комунално претпријатие Дервен на градот Велес.

На социјалните мрежи се појави разговор меѓу човек што работи со договор на дело во претпријатието и негов пријател од кого го бара гласот на изборите.

Според комуналниот работник кој од партијата му бараат 5 имиња на луѓе кои би гласале за партијага за да му дадат трајно решение за работа.

Имињата на соговорниците се скриени но доколку обвинителството сака да утврди криминал поврзан со изборите многу лесно може да ја провери информацијата која и предходно во многу наврати се случувала во Македонија во сите предходни влади.

SHARE