Bонреден технички преглед над сите автобуси на ДУРМO-ТУРС, но и на автобусите и комби-возилата на другите компании со кои се превезуваат патници, , бара Демократскиот сојуз на Павле Трајанов.

Од партијата велат дека по автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 15 патници, а 8-мина се во тешка состојба, неопходна е соодветна реакција од државните институции во иднина да се се избегнат ваков вид на несреќи и да се намалат последиците.

Исто така потребно е да се направи вонреден увид над сите станици за технички преглед од независни експерти а за да се спречи судир на интереси да.не може ист сопственик да врши технички преглед на негови возила во негова станица за технички преглед.