Партизација на НАТО, што бара партиски ,,Генсек” на воена вежба?

Меѓу членовите на Владата кои денеска ја насмеаја јавноста на воената вежба на која на главите ставија воени шлемови не смееше да биде еден член на Владата.

Присуството на министерот за земјоделие Љупчо Николовски е спорно од повеќе причини.

Прво тој е практично во оставка откако пред речиси еден месец јавно објави дека си заминува од функцијата министер за да стане генерален секретар на партијата СДСМ.

Присуството на Николовски на воена вежба е порака до НАТО дека партиските функции се уште се најмоќни во Македонија која наскоро ќе стане членка на НАТО и со тоа се докажува обвинението за партизација на државата за која зборува и Прибе.

Николовски не требало да биде на Криволак дури и да не е Генсек на СДСМ.

Како министер за земјоделие тој е многу понепотребен од на пример министерот за здравство Филипче кој не дај боже во случај на воени активности ќе треба да организира здравствена помош.

SHARE