Партнер на Заев не исклучува сведокот Ахмети да остане во Хаг како обвинет (ВИДЕО)

Коалициониот партнер на Зоран Заев и основач на НСДП Тито Петковски не исклучува дека по сведочењето на Али Ахмети во Трибуналот за Косово во Хаг може да остане таму како обвинет.

Повикот за Али Ахмети во Хаг не е случаен, ниту нивното ретерирање од барањето за Албанец премиер. И Шешељ го викнаа како сведок во Хаг, па остана како обвинет, изјави Тито Петковски во емисијата Само Вистина на Канал 5.

“Луѓето велат за време на избори и на риболов се лаже најмногу. Така тие сега признаваат дека би направиле концесија, но сега има друг елемент. Ахмети е повикан на Хаг како сведок. Но така беше и со Шешељ – го повикаа како сведок па го осудија. Немам никакви информации, но кога Хаг повикува сведоци повикува луѓе кои учествувале во разни дела против човештвото”, рече Петковски во емисијата.

Според Петковски формирањето ново парламентарно мнозинство нема да биде лесно, но тој очекува за нова Влада наскоро.

SHARE