Бугарскиот патријарх Неофит вели дека БПЦ ќе продолжи да ги поддржува „браќата Македонци“, пренесува БГНЕС.

„Секако! Она што го направивме беше корисно за нив и за нас “.

Тој ја истакнал важноста на заедничката бугарско-македонска црковна комисија, со која претседава бугарскиот митрополит Кипријан.

„Што и да е направено под негово водство, ќе имаме можност да го разгледаме, вели тој и потенцира дека двете страни имаат благородни намери и дека ќе се обидат да направат добро и корисно за двата народа“, вели бугарскиот патријарх.


Запрашан дали Бугарската православна црква ќе го следи примерот на грчката и ќе ја признае автокефалноста на украинската православна црква, патријархот Неофит рече: „Досега не сме размислувале“.

SHARE