Павле Богоевски ќе може 1 година да користи апанажа

Откако официјално ќе стапи во сила неговата оставка, пратеникот Павле Богоевски, ќе имна право да користи апанажа во период од една година, се разбира доколку поднесе барање за тоа.

Богоевски поднесе оставка во врска со скандалот кој изби по објавената аудио-снимка од која може да се слушне како д непознато лице порачува психотропна супстанција. Тој и во изјваја пред МВР призна дека порачувал масло од канабис како лек за болен член на семејство.

Богоевски изјави дека неговата оставка ќе стапи во сила откако ќе му биде одземен пратениучкиот мандат на Никола ГРуевски и дека тоа ќе биде негово последна активност во парламентот.

Според законот, пратеник може да остварува плата подолго и од една година, а најмногу уште шест месеца, доколку во тоа време стекнува право за старосна пензија.

За време на остварувањето на ова право пратеникот нема право на други лични примања и надоместоци на трошоци, пренесува порталот „Судство“.

SHARE