Павле пријави, ќе настрада ли таксистот?

Павле Богоевски ја напуштил полициската станица Беко триесетина минути по полноќ, откако предходно пријавил дека по телефон нарачувал масло од канабис а дека разговорот го снимил таксист.

Случајот од утре го презема Јавното обвинителство на Скопје, а предмет на истрага според сдк.мк ќе биде таксистот кој возејќи го Богоевски, неовластено го снимал што зборува на телефон.

Извори на порталот тврдат дека случајот бил ургентен и оти лицето што неовластено снимало треба МВР веднаш да го најде и обвинител, т.е. судија на претходна постапка да го лиши од слобода. За неовластено снимање на граѓани пропишана е затворска казна од 5 години.

Порталот не пишува ништо за мерките кои МВР и обвинителството треба да ги преземе за прекршувањето на законот од страна на Богоевски.

SHARE