Пазарџиите и владата не можат да се договорат

Претставници на владата и на продавачите на пазарите не можат да најдат заеднички јазик и, како што бара владата, да се измени Законот кој е одложен на една година.

Но, пазарџиите бараат укинување на постоечкиот и пишување на нов Закон за трговија на зелените пазари.

Маја Стојановска претставник на пазарџиите вели дека од владините советници добила и закани, ако не попушти на пазарите ќе врие од инспектори.

Пазарџиите побарале и да се намали цената на паркингот околу зеленото пазарче во Скопје, но од владата тоа експресно го одбиле, дознава Алсат М.

Пазарџиите најавуваат штрајк

SHARE

Оставете Коментар