Пазарџиите протестираат против поскапиот паркинг во Центар

Пазарџиите од „Зелен пазар“ претпладнево блокираа дел од булеварот „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје, во знак на протест поради зголемување на цените за паркинг на Општина Центар.

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар” минатата недела донесе одлука со која од  8 овој месец цените за паркинг за еден час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува се зголемија за 20 денари.

SHARE