Падна „Цесна“ претоварена со половина тон кокаин

Австралиската полиција соопшти дека мал авион Цесна се урнал веднаш по полетувањето од Папуа Нова Гвинеја затоа што бил претоварена со кокаин наменет за австралискиот црн пазар.

Алчноста на криминалците доведе до несреќата на авионот, изјави за Би-Би-Си портпарол на локалната полиција.

Авионот бил натоварен со повеќе од 500 килограми кокаин вреден приближно 80 милиони долари.

Пет лица за кои се верува дека припаѓаат на криминална група во Мелбурн се уапсени, соопшти полицијата.

SHARE