Пелин на Пелинце, лага врз лага и злоупотреба

Професорката Билјана Ванковска му забележува на премиерот Заев за партизација и политизација на прославата на националниот празник на Пелинце каде се одржува сенародна прослава на Илинден.

“Пелин на Пелинце, лага врз лага, злоупотреба на национален празник за промоција на владина/партиска политика! Денес над Македонија и Заев заедно прават оксиморон!”, пишува професорката која одамна го објави својот став за бојкот на референдумот.

“Навреда за здравиот разум! Зборува за референдум, води кампања, абдалит!!! Ќе си пукнам!”, вели во друг коментар Ванковска која смета дека Заев не смее државната прослава да ја приватизира за партиска пропаганда.

SHARE

Comments are closed.