Пендаровски без преголеми очекувања од средбата со Макрон


„Ние сме мала држава, имаме силни аргументи кои ќе бидат кажани на таа средба, меѓутоа да не одиме со преголеми очекувања, затоа што ниту Америка, ниту Германија, никој никогаш не може да го убедува претседателот на Франција“, вели претседатело Стево Пендаровски во пресрет на средбата со францускиот колега Емануел Макрон.

Пендаровски смета дека Македонија е подготвена за преговори брз разлика каква ќе биде методологијата за реформи во ЕУ што ја најавува Макрон, но сака да знае кога навистина ќе почнеме со преговори.

Тој вели дека новата методологија нека биде и петпати посилна и потемелна, земјава има тимови кои се подготвени да влезат во таков тип преговори.

Ние реформите, истакна Пендаровски, не ги правиме за европските бирократи, туку ги правиме за нашите граѓани и промената на името не е единствен наш адут.

Тој вели дека не треба да се има илузии дека постои човек на светот што ќе оди и ќе го разубедува францускиот претседател да ни даде датум за преговори.

SHARE