„Не е преувеличување квалификацијата што Зоран Заев во последните две години честопати ја дава за улогата на Бојко Борисов и на актуелната бугарска влада, според која бугарскиот премиер заедно со Ципрас помогнаа побрзо да се извлече од меѓународната изолација“, изјави во интервју за бугарската агенција БГНЕС, македонскиот претседател Стево Пендаровски .

„Навистина, верувам дека договорот за пријателство со Бугарија, колку и да се чини едноставен треба да се потенцира дека ако не го потпишевме, немаше да се ослободиме од еден тежок, авторитарен режим на Никола Груевски. А, тоа не беше само еден антизападен режим, туку и антиалбански и антибугарски. Во тоа време, сешто доаѓаше од Софија потсетуваше на најлошите времиња на комунизмот.

Кога раскажувавме вицови за Бугарите, кога се потсмевавме со бугарскиот народ преку пропаганда на комунистичкиот режим.

Груевски практично ги обнови тие времиња и е историски парадокс, тој, кој тврди дека е наследник на историското ВМРО,  да се задлабочува во една ваква антибугарска реторика и однесување.

Треба да знаете дека за Никола Груевски Бугарија како држава не постоеше…“ вели Пендаровски според кој тоа довело до, како што вели „најголемата историска  девијација Белград да му биде поблок до Софија на лидерот на историското ВМРО“ вели Пендаровски.

„Недостатокот на патна инфраструктура меѓу Софија и Скопје не спречи да излеземе од оваа магла и да разбереме и да ги чувствуваме историските факти.

Во Скопје имате десетици српски медиуми и нула бугарски.

Не сакам ни да слушнам за некаква 4-та Југославија, беа некои од пораките на Пендаровски во првото телевизиско интервју за бугарски медиум, пренесува БГНЕС.

SHARE