Македонскиот претседател стравува дека расправата за проширувањето на Унијата може да биде ставена на маргините со оглед на тоа што во ЕУ сега се проектира буџетот за следните 7 години.

На заедничаката средба со српскиот колега Александар Вучиќ во Белград, Пендаровски сепак изрази надеж дека Македонија и регионот немаат друга алтерантива освен полноправно членство во Унијата.

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно ми предочи дека не ни предлага нова Југославија, меѓутоа се уште има многу нејаснотии и неизвесности околу новата методологија што ја предлага Франција, рече претседателот Стево Пендаровски.

„Макрон не можеше да ми одговори дали новата методологија ќе важи за државите кои се уште не почнале преговори или и за тие што веќе преговараат. Но, со неа се предвидува државите откако ќе затворат една група на поглавја да станат парцијални членки на ЕУ и од тој момент да ги користат структурните фондови. Меѓутоа, и ова е комплексно прашање кое се уште не е затворено“, рече Пендаровски.

Од своја страна Вучиќ скептичен:

„Не е спорно дека сите чекаме да станеме членки на ЕУ, но ако ме прашате дали сум сигурен дали знаат во Брисел што да прават самите со себе, а што со нас, не сум сигурен дека знаат што со нас“, рече Вучиќ.

SHARE