Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски демантира дека по денешната ТВ дебата во емицијата „Детектор“ на „Сител“ , на заминување по грешка влегол во автомобил на Силјановска.

Веста за ова “симпатична збунка“ која сепак не се случила, ја сподели порталот „Лидер“, а ја пренесе „Курир“.

Пендаровски на „Твитер“ ја демантираше информацијата.