Пендаровски денеска со нуркачите, ни збор за убиените на Карпалак

Претседателот Пендаровски денеска се дружел со македонските нуркачи за што неговот ПР тим попладнево ја информираше јавноста.

Зошто Пендаровски денеска не оддаде почит на убиените македонски бранители од Карпалак во 2001 година нема никакво објаснување од неговиот кабинет.

Трагедијата во која во заседа загинаа 10 бранители не се споменува на ниту еден од неговите профили на социјалните мрежи.

На постот на Пендаровски има и директно прашање за Карпалак.

“Г-дине Претседател,
Ќе Ве прашав на објава за Карпалак, но сé уште нема таква, па ќе прашам тука, во случај да немате таква објава:

Дали планирате соодветен паметник за жртвите на Карпалак да поставите? Низ државата, УЧК имаат свои уредени гробишта и споменици, а за жртвите кои ги дала државата за сочувување на суверенитетот, нема!(?)”, прашува еден граѓанин но засега без одговор.

Нуркачкиот тим од Армијата се има докажано и во армиските активности и во поддршка на цивилни институции. При денешната…

Posted by Stevo Pendarovski on Saturday, August 8, 2020

SHARE