Пендаровски: ДУИ сега не се криминалци, со мене ќе добијат најмногу (ВИДЕО)

Кандидатот на СДСМ кој за себе вели дека не е консензуален туку продукт на договор на владеачката коалиција оценува дека ДУИ нема да оди на тивок бојкот на претседателските избори затоа што во двете можни сценарија не може да добие повеќе од тоа што би добила сега со него.

Тој оваа позиција ја даде на прашање за можен бојкот од ДУИ во емисијата “Патот кон” со Арта Тахири на Алсат М.

Овој дел од неговата анализа е на околу 18 минута од видеото на Алсат М.

Откако во минатото ја нарекуваше ДУИ криминална партија сега Стево Пендаровски вели дека не мислел на партијата туку на поединци во неа.

Во обид да се извади за обвинувањата кон ДУИ од 2014 и 2016 кога тврдеше дека оваа партија е криминална корумпирана структура сега Пендаровски кој доби поддршка од Мала Речица сега вели дека мислел на поединци а не на цела партија.

Пендаровски вели дека тоа што во Македонија две години има независно судство а не е осуден никој од ДУИ не му дава за право да говори за ДУИ како криминална партија.

Пред неколку години Пендаровски за ДУИ изјавуваше дека е вмешана во криминал и нечесни работи и која е слуга и поданик на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој тогаш не зборуваше за поединци во ДУИ туку за целата партија.

SHARE

4 Коментари

  1. С.П. се потпира само на Албанци. Новинарот Ивановски е гротескна катастрофа, ха, ха,ха

Comments are closed.