Претседателот Стево Пендароивски денеска го честиташе празникот 2 Август на кој Македонија ги слави двата Илиндена – оној од 1903 и од 1944 година, но во неговата честитка, веројатно ненамерно, е испуштено името на државата.
„Нека ни е честит 2 Август – Денот на Републиката.
На овој ден со благодарност се потсетуваме за цената што нашите предци – илинденците и учесниците во Народноослободителната и антифашистичка борба ја платија за нашата слобода и државност. Првиот Илинден од 1903-та и вториот Илинден од 1944-та се сведоштво за нивната непоколеблива волја и стремеж за слободна македонска држава. Тие се олицетворение на заедничката борба на сите луѓе за правда, еднаквост, демократија и достоинствен живот, независно од едничката, верската, идеолошката, социјалната или која друга припадност.
Да ни е вековит Илинден. Да ни живее Републиката! , напиша претседателот Пендаровски.