Пендаровски го прими Героски – ги осуди заканите врз новинари

Претседателот на државата денеска го прими новинарот Бранко Героски по заканувачката порака која вчера ја доби на Фејсбук од
извесен Борче Гиноски на социјалната мрежа му упатил директна закана со зборовите „Гледај да не те бањаат во Вардар”.

Претседателот Стево Пендаровски осудувајќи секаков вид на закани упатени до медиумите, порача дека новинарите треба да ги уживаат сите права и слободи за да можат професионално и без притисоци да работат.

Претседателот истакна дека како и досега ќе се залага за достоинството и интегритетот на новинарската професија и професионалните медиуми секогаш ќе ја имаат неговата заштите“ се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.