„Не можете да направите мерка која е спротивна на нашите интереси и да речеме ова не е во склад со македонските закони, ама да учиниме на некој друг. Бидејќи си ми пријател, очекувам и натаму да бидеме, но оваа држава има закони. Ако не се добри, ќе ги смениме. Не можете да донесете одлука која не е втемелена на закон“

Ова го изјави вчера во гостување на „Топ тема“ на ТВ Телма претседателскиот кандидат Стево Пендаровски запрашан што би му рекол на Ердоган околу негвото барање за испорачување на „ѓуенистите“ кои за Турција се терористи.

Запрашан што ако Турција поради тоа се закани со вето за наш влез во НАТО, Пендаровски вели:

„Ако реши да стави, ние на тоа не можеме да се спротивставиме.

 (…)Јас секогаш сум бил за реалната политика, меѓутоа како Претседател и како граѓанин не можам да одам против домашната политика. Мора да ги почитуваме законите, ако нешто е спротивно на наш закон, па и по цена да бидеме блокирани. Не можеме да одиме туку така, да го кршиме нашиот закон, да постапуваме незаконски.

На забелешката дека и Силјановска вели „Ако требаше да ни го сменат името за да влеземе во НАТО, подобро да не влеземе“, Пендаровски вели:  

„ За името договорот со Грција, јас не мислам дека е прекршен наш закон…

ИЗВОР:ВЕСНИК

Nна видеото по 40 минута

SHARE

4 Коментари

  1. Шта би било, кад би било… Глупави прашања на новинарите. Што би направила Македонија во таков случај? А што би направила САД ако Турција не` блокира? Што би направила Германија, Франција, Англија, што би направило целото НАТО ако Турција се обиде да направи такво нешто? Ајде сега да гатаме дали Турција ќе не` попречи поради „ѓуенистите“ за во НАТО, а ако не` попречи што ќе правиме ние. Ајде да гатаме дали Турција ќе не` порпречи, да гатаме што ќе прави НАТО … Подобро било да не сме прифателе географска додавка на името Македонија, одошто да влеземе во НАТО и ЕУ? Е тоа само ЛУДАЦИ можат да го кажат. За влегување во ЕУ, а особено во НАТО, точно знаевме што треба да напрвиме и тоа го направивме по закон, со 2/3 мнозинство во Собрание. Тоа што мисли Силјановска е најмалку важно. За тоа што го направивме, не се бараше во Уставот што мисли Силјановска, туку 2/3 од пратениците во Собранието.

  2. (B)eden si e (b)eden. 2/3 so uceni, so pritisok, so potkup, pa zakon za selektivna amnestija samo za onie koi bea vo mozhnost da glasaat za 2/3, pa promena na krivichen zakon i s’e toa e OK!?! Pa sega prodaj istorija, pa prodaj dusha, pa ne bidi makedonec, pa ne pej himna, pa daj gaz, ebave severgjanite!

Comments are closed.