Пендаровски: И името го сменивме за ЕУ, ниедна држава не го направи тоа

Претседателот, Стево Пендаровски ја предупреди ЕУ дека за никого нема да биде добро ако Македонија не добие датум.

,,И името на државата го сменивме заради тоа. Тоа не го направила досега ниту една држава“-изјавил Пендаровски за ,,Пресе“.

,,Не се надеваме на сигнал, очекуваме одлука. Во текот на изминатата година и пол, испорачавме сè што треба. Граѓаните не прашуваа зошто мораме да го смениме името на нашата држава. Нашиот одговор беше-за да станеме членка на ЕУ. Исполнивеме што се бараше од нас досега. Сега граѓаните прашуваат зошто доаѓа до одложување“-изјавил Пендаровски за  ,,Пресе“.

SHARE