Пендаровски: Ме следи тајна разузнавачка служба блиска на опозициска партија

Кандидатот на СДСМ и ДУИ за претседател Стево Пендаровски објави дека се сомнева дека е следен и фотографиран од тајна разузнавачка служба која што била во контакт со една голема опозициска партија.

Пендаровски во емисија на 1ТВ изјави дека бил сликан во центарот на Скопје на паркинг каде што според него не минуваат граѓани случајни минувачи.

На фотографијата која го испровоцира да обвини дека е следен од тајна разузнавачка служба а која беше објавена од граѓани на социјалните мрежи се гледа дека тој седи во возило и најверојатно гледа во телефон или во документи.

Пендаровски признава дека е фотографиран во неговото возило иако според медиумите тој во анкетниот лист како возило пријавил само Југо 45 старо над 20 години.

Националниот координатор за НАТО не открива прецизно за која служба се работи ниту за која голема опозициска партија.

Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Алијанса ниту БЕСА како големи опозициски партии не го коментираа веднаш тврдењето на Пендаровски.

На социјалните мрежи тврдењето на Пендаровски се објаснува со негов обид да се спинува фактот што тој е фатен дека наместо Југо 45 вози поново возило со многу подобри перформанси а тоа не е пријавено во анкетниот лист.

SHARE

8 Коментари

  1. Лажеш Пендаровски, твоите од УБК го следат Иванов. Ти си слуга на НАТО и САД, а основната цел на НАТО е креација на ГОЛЕМАТА АЛБАНИЈА, на сметка на намалена територија на Македонија и другите соседни земји! Ти претставуваш човек на НАТО кој работи со и за НАТО на територијално уништување на Македонија и со Заев претставуваш главен оперативец на потпора за проектот на и за ГОЛЕМАТА АЛБАНИЈА еквивалентен со СМРТ за Македонија! Ако има Македонци кои ќе гласаат за Стево Пендаровски, таквите се индоктринирани и до крај излажани наивни Македонци кои не разбираат дека НАТО е непријател!
    ПОГРЕШНА БЕШЕ СТРАТЕГИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ПРИКЛЧИ КОН НАТО!
    СИТЕ МАКЕДОНСКИ ГЕНЕРАЛИ И СТРАТЕЗИ ПОТФРЛИА!
    НАРОДЕ РАЗБУДИ СЕ! ПЕНДАРОВСКИ Е ЛАЖГО И НЕПРИЈАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА!

  2. Еј човеку, сега ќе те слика секој насекаде, нема швалеранција.

  3. I mean me sledat, I to od peleni. A vo mojava starost najmnogu me sledat shvalerkite I vonzemjanite…

  4. ЗА ЖАЛ СЕУШТЕ ОДРЕДЕНИ ДИЈАГНОЗИ НЕ СЕ ОТКРИЕНИ-ДЕФИНИРАНИ. ЗА ВАКВИТЕ НЕМОЖЕ ДА ПОМОГНЕ МЕДИЦИНАТА ПА НИТУ БАЈАЧКИТЕ ОД СТРАЦИН, ПСАЧА ИЛИ ПОДРЖИКОЊ. ОВОЈ СЕПАК СМИСЛЕНО ОВА ГО ПРАВИ И САМ ДА СИ ГО ,,ДИГА,, ТУКУ НАПРОТИВ УШТЕ ПОВЕЌЕ СИ ГО СПУШТА РЕЈТИНГОТ АКО ВООПШТО ГО ИМА. НО ШТО ДА СЕ ПРАВИ, МНОГУМИНА ОД ШАРЕНИТЕ СО ЛУБРИКАНТИ ЌЕ ЧЕКААТ НА БРАВОТ ДА МУ ПАДНАТ ЈАЈЦАТА!!!

Comments are closed.