Пендаровски на Борисов: Те поздрави Зоки (ВИДЕО)


На социјалните мрежи се споделува видеоод тоа како изгледала средбата на Пендаровски и Борисов во Сараево. Македонскиот претседател му приоѓа на Борисов, се прегрнуваат, Бојко му вели „како си, бе“, а Пендаровски му вели „Те поздрави Зоки“.

Премиерот Зоран Заев вчера најави дипломатската нота до бугарскиот колега Бојко Борисов кој, во изјава за новинари, го нарече Стево Пендаровски „северномакедонски претседател“ и „северномакедонски политичар“ и тоа го повтори со нагласување на она „северно“.

„Северномакедонскиот претседател е првиот северномакедонски политичар кои ги кажа работите на најправилен начин. Гоце Делчев е Бугарин кој се борел за слободата и автономијата на Македонија“, изјави Борисов во Сараево по средбата со Пендаровски.

Ова веројатно ги изненади и Заев и Пендаровски кој очекувале покоректен однос од бугарскиот пријател со кој се „на ти“.

Инаку, нејасен е делот од почетокот на видеото и дали навистина Пендаровски на Бојко му се обраќа со „љубави“!?

Видеото предизвика лавина реакции :

SHARE