Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски рече дека МНР Никола Димитров најверојатно има обврски надвор од државата штом досега ниеднаш не се појави во еговата кампања .

„Логично е Димитров да се појави на некој собир, да даде поддршка. Јас тоа нема да го барам, принципите не ми дозволуваат да барам од некој аман заман кажи нешто за мене. Ние 20 години сепак сме работеле заедно“, рече Пендаровски, пренесе „Фокус“.

Името на МНР Димитров претходно често се споменуваше како еден од најсериозните можни кандидати за претседател, покрај оние на Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски.