Пендаровски нема зошто да се извини

Претседателот не чувствува потреба да им се извинува на поранешните вработени во Специјалното јавно обвинителство.

Неговата оценка за поранешното СЈО од говорот по повод 2 Август-Денот на Републиката, Илинден, воопшто не се однесува на вработените,  велат од Кабинетот на шефот на државата за Лидер.

„Оценката се однесува на првиот човек во тоа обвинителство, која беше единствена овластена да покренува обвиненија во име на СЈО и која подоцна заврши како обвинета и осудена во прв степен“, соопштиле од Кабинетот на шефот на државата.

SHARE