Виталните институции на оваа држава не функционираат и не ги сервисираат граѓаните и не ги сузбиваат криминалот и корупцијата на она ниво кое е неопходно за да кажеме дефинитивно дека сме зрела демократија, вели претседателот Стево Пендаровски, за Гласот на Америка на македонски.

За изјавата на премиерот Зоран Заев, Пендаровски вели дека била непримерна бидејќи користи речник што може да навреди цели категории наши граѓани.

„И мене ми се случило да ми се испушти некоја изјава и ме критикувале за таа реченица, фраза или изјава. Меѓутоа, тоа така треба да биде. Така се станува сериозна демократија и никој од нас не треба да нервозен или лут што јавноста така перцепира. Јас тргнувам и од себе – просто јас немам право на грешка“ вели Пендаровски интервјуто за Гласот на Америка.

Интервјуто на Пендаровскк на Следниот ЛИНК

SHARE