Пендаровски: Никој нема да преговара за гласовите на Река

„Јас сум задоволен од бројките на анкетите. Јас имам солидна бројка на гласачи Македонци и Албанци. Мојот рејтинг во моментов е поголем од партискиот рејтинг на СДСМ и е поголем од рејтингот на самата коалиција. Што значи дека имам поддршка и од неопределени“, рече во гостувањето во „Топ тема на ваша страна“ на ТВ Телма претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Пендаровски вели дека е задоволен што има поддршка надвор од етничките линии.

„Оваа коалиција беше направена за да не се пазариме меѓу двата круга. Никој нема да биде овластен од мене да преговара за гласовите на Река“, рече Пендаровски.

SHARE

4 Коментари

  1. Се прашувам дали е вистина дека Пендаровски нема регулирана војна обврска, и ако нема поради која дијагноза? Тој е роден 1965. г., КОГА и КАДЕ служел воен рок? Ако е ослободен, ПОРАДИ КОЈА ДИЈАГНОЗА!??

Оставете Коментар