Пендаровски по недобивањето датум: Сега не е време за апатија

Шефот на државата в недела во Вила Водно ќе ги собере сите лидери на политичките партии – но наместо за датумот ќе се разговара за затвроената врата на Македонија од ЕУ.

На адреса во Вила Водно стигнал позитивен одговор од сите поканети. 

Пендаровски вели сега не е време за апатија, откако европските лидери одлучија дека за аспирациите на Скопје ќе се разговара најдоцна до пролет идната година.

Претседателот вели дека Македонија, сега мора да продолжи со реформите, справувањето со организираниот криминал, а европските стандарди, според шефот на државата мора да станат и домашни стандарди.

SHARE