Стево Пендаровски е новиот претседател надржавата откако на вчерашниот втор круг од претседателските избори освои 436.212 гласа или 51,66 отсто од гласовите на граѓаните кои излегоа на гласање.

Противкандидатка Гордана Силјановска Давкова освои 377.713 гласови или 44,73 отсто.

Од вкупно запишаните 1.808.131 граѓани со право на глас, вчера на гласање излегоа 844.365 граѓани.

Одзивот беше 46,70 отсто. Неважечки ливчиња се 30.442.

Стево Пендаровски ќе биде петтиот претседател на Макдонија.

Оваа фукција пред него ја извршуваа Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и во изминатите десет години во два последователни мандата Ѓорге Иванов, од кого Пендаровски ќе ја преземе должноста, на 12 мај.

SHARE