Иако уште од првиот ден во претседателскиот кабинет Стево Пендаровски во секоја пригода го користи новото име на македонската држава, наследникот на Ѓорге Иванов потпиша укази за четири закони со „Република Македонија“ во своето име.

Станува збор за Закон за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт, потоа Закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, Закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, како и Закон за изменување и дополнување на Законот за Црвениот крст на Република Македонија.

Пендаровски потпиша укази за прогласување на 18 закони кои не беа потпишани од неговиот претходник Иванов, соопштија од неговиот кабинет.

SHARE