Пендаровски разочаран од Катица

„Оправдан е револтот на граѓаните. Јас како граѓанин сум разоачаран од оваа афера и од обвинителката од СЈО која се споменува и ја има во разговорите“ изјави шефот на државата Стево Пендаровски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Претседателот е разочаран од она што го слушнал на снимките од случајот „Рекет“ и го повика обвинителството побрзо да го расчисти случајот, а не „да си тераат колективни одмори имаји предвидека, како што рече, „изминатгиов месец во земјава се случила огромна криминална афера која ги тресе темелите на важни државни институции“.

„Одговорност мора да има за секого, никој не смее да биде над законот. СЈО како институција има придонес во воспоставување на правна држава и не може поведението на еден обвинител, дури и да се докаже вмешаност, да се одрази за целата институција. СЈО треба да продолжи да постои внатре во ОЈО, а сите истраги да продолжат“ кажа Пендаровски.

SHARE