Во синоќешното гостување на ТВ 21 кандидатот за претседател Стево Пендаровски рече дека го следат структури поврзани со претходниот режим, а само можеме да се сомневаме дали се поврзани со странски структури.

Според него, во последните десетина дена на социјалните мрежи се појавиле најмалку три фотографии од непознати профили од тоа каде се движи, а не ги направиле папараци.

„Тоа првпат го чувствувам на своја кожа. Во минатото сме биле и прислушувани, но физичко следење немам почувствувано на своја кожа. Недозволено е рецидиви од претходниот режим поврзани со претходната власт, сега опозициската партија, да ги следат луѓето од сегашната власт. Очекувам надлежните ова да го испитаат.

Можеме да се сомневаме дали тоа се само домашни структури или се поврзани со некого од надвор со некоја друга држава, но факт е дека јадрото на луѓето се домашни државјани и не и сакаат добро на државата, рече Пендаровски, пренесува „Фокус“.

SHARE

2 Коментари

Comments are closed.