Пендаровски смета дека ВМРО-ДПМНЕ не е криминална партија (ВИДЕО)

Запрашан дали се уште смета дека ДУИ е тендер партија и криминална структура кандидатот на СДСМ и ДУИ за претседател Стево Пендаровски вели дека е погрешно да се каже дека цели партии се криминалнии.

Обидувајќи да ги амортизира критиките кои ги давал додека ДУИ беше со ВМРО-ДПМНЕ тој сега вината за криминалот ја наоѓа во поединци во ДУИ кои што не ги именува.

Дури во обид да даде аргументи за промената на ставот кон ДУИ од која сега чека гласови и без кои не може ни теоретски да победи Пендаровски вели дека и ВМРО- ДПМНЕ не е криминална партија туку дека се работи за поединци кои што правеле криминал но и дека партиите се криминални.

ВО своите предходни јавни настапи и критики на ВМРО-ДПМНЕ Пендаровски никогаш не зборувал за поединци туку за партиите ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ како криминална структура.

Тој во својот настап во Патот кон на Алсат М, споменува дека против ВМРО-ДПМНЕ како партија има предмет во СЈО а ги споменува и Мендух Тачи и Амди Бајрам но вели дека тоа не е доволно да ги прогласи целите партии за криминални.

Овој дел од ставот на Пендаровски е по 10 минута од ова видео

SHARE

4 Коментари

  1. Onaj laze duri sushe, ovaj pa od mnogu drdorenje i vrtenje oci ni samiot ne se razbira sto kazal i dali kazal toa sto go presuvaat…. da ne ja utnal so odgovoro!!

  2. Овој човек јавно се откажува од Македонците. ПЕНДАРОВСКИ СЕ ГРИЖИ САМО ЗА ИНТЕРЕСИТЕ НА АЛБАНЦИТЕ

Оставете Коментар