Пендаровски: Со мојот избор Заев и СДСМ направија политички потег без преседан

Кандидатот за претседател на СДСМ и ДУИ Стево Пендаровски вели дека со неговата втора кандидатура за претседател по поразот во 2014 година, Заев и СДСМ направиле досега невиден потег со кој човек што еднаш загубил на претседателски избори повторно е кандидиран. Тој тврди дека во 2014 загубил поради наместени избори.

“Исклучителна е честа да бидеш поддржан од претставници на сите етнички заедници, од 31 политичка партија, но, и од многу граѓани кои воопшто не се членови на политички партии.
Посебна благодарност сакам да изразам до политичката коалиција, предводена од СДСМ и лично до премиерот Заев, кои направија политички потег без преседан, по пет години да ми дадат шанса повторно да влезам во трката за претседател, откако во 2014-та, сите ние, бевме предмет на брутален изборен инжинеринг.

Почитувани граѓани, од вчера, ми дадовте голема политичка одговорност, која во месеците и годините што идат, имам намера, заедно со сите вас, да ја оправдам во целост, во интерес на подобриот и посреќен живот за сите во нашата земја”, пишува Пендаровски чија кандидатура е договорена меѓу лидерите на СДСМ и ДУИ, Заев и Ахмети.

SHARE

4 Коментари

  1. stokava saka da biden izbran od ostanatata “stoka” !
    info…HAARPot cel den raboti so golema snaga …..

  2. Зошто не се качи во авионот на Трајковски, дали можеби знаеше нешто, нека одговори и на тоа прашање, па нека паламуди после

  3. Како може реприза да биде преседан. Пендаровски изгледа заборавил дека беше кандидат за избори и минатиот пат кога загуби со огромна разлика. Разлика што не може да ја дополнат македонците со (големо)албанско етничко потекло. Со осумте платеници е сменет Уставот, но зад нив не стојат гласачи.

Comments are closed.