Шефот на државата утре на пладе ќе го довери мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Заев го информирал Пендаровски за преговорите што ги водел во изминативе денови и дека може да обезбеди парламентарно мнозинство за стабилна влада.

Зоран Заев, во име на коалицијата „Можеме”, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Не е познато каков е договорот со досегашниот и веројатно идниот коалиционен партнер но се шпекулира дека е договорен таканаречен ротационен премиер со тоа што првата година премиер би бил Насер Зибери, предлогот на ДУИ, а во наредните три, Зоран Заев.