Дека загадувањето на воздухот станува алармантен проблем, доказ е и најавата на шефот на државата Стево Пендаровски кој планира оваа тема д ја отвори на следната седница на Советот за безбедност.

„Проблемот со загадувањето планирам да биде точка на следната седница на Советот за безбедност. Сакам граѓанските организации да знаат дека целосно се ставам на располагање за да помогнам во активностите, да бидам гласен поддржувач на граѓанските иницијативи и своевиден мост за побрза и поефективна комуникација помеѓу надлежните институции и граѓанските организации“, соопшти Пендаровски кој имал средба со преставници на невладинте организации кои побараа од него да се вклучи во решавање на овој проблем.

„Проблемот со загадувањето може да се реши само со координација и вклученост на сите надлежни институции. Затоа ќе ја интензивирам комуникацијата и координацијата со граѓанските организации коишто дејствуваат во полето на екологијата“ вели Пендаровски во одговор на отвореното писмо од здружените граѓански организации и иницијативи.

SHARE