Стево Пендаровски во своето гостување во „Само вистина“ изрази согласност со препораките на Венецијанската комисија во однос на двојазичноста. Според него овој закон ќе создаде сериозни проблем во делот на правосудството па така споровите кои и така во овие моменти се процесуираат бавно со двојазичноста би биле уште побавни.

Пендаровски преку пример истакна како граѓанин нема да може да дојде до своето право чекајки преводи кои може да траат со години.

„Да претпоставиме во било кој суд, еве во Тетово, ако се сите странки Албанци, судија, обвинител, една страна, друга страна, адвокати, дактилографи сите ако се Албанци и ќе тераме на албански. И ќе дојде во втор степен, ќе се жали некој, за меѓа, за куќа, за банален спор и ќе побара нормално судијата овде или било која странка во Апелација да му се преведе сето тоа за да може да одлучи. И ќе ви требаат можеби година дена да ги преведувате сите материјали од седниците.

И човекот кој е засегнат и да е 100 пати во право, нема да може да дојде до своето право чекајки преводи кои може ќе траат со години“, вели Пендаровски.

SHARE