Перез: Што голтаат Македонците за ЕУ е неспоредливо со ништо

Експертот за Балканот кој изјави дека Македонија цели 30 години се соочува со регионални насилници и за тоа треба да добие репарации од ЕУ сега вели дека Македонците “голтаат што не голтал” никој друг народ на светот.

Шпанскиот експерт за Балканот Алесандро Естесо Перез кој пред дваесетина дена повика да се санкционира регионалното насилство од кое пати Македонија 30 години, тоа да биде признато од ЕУ и да биде обезбедена “рамка за репарации на македонската држава”, е разочаран од блокадата за Македонија.

“Бугарија стави вето на почетокот на преговорите за пристапување кон ЕУ – Македонија

Да се ​​стави малку контекст:

– Вето од 1991 до 2018 година од Грција 🇬🇷
– Вето 2018-2020 од Франција 🇫🇷
– 2020-? вето од Бугарија 🇧🇬

“Она што овие луѓе го голтаат не е споредливо со ништо”, вели политикологот Перез кој во моментов работи на Косово а предходно работел како шпански дипломат во Сараево.

За Перез најболното е што најголемиот дел од внатрешната „гужва“ во Македонија е генерирана како резултат на концесиите што Скопје ги дава со години во замена за да може малку да напредува во евроатланските интеграции.

“А дури и со тие концесии не напредува. Каква импотенција”, заклучува Шпанецот.

Што велеше Перез додека беше оптимист:

Перез оптимист: Македонија ќе добие репарации за насилството врз неа

SHARE