Перо Антиќ ќе се кандидира за претседател на МКФ

Македонскта кошаркарска легенда, Перо Антиќ потврди дека ќе се кандидира за претседател на Македонската кошаркарска федерација.

„Официјално сега за прв пат јавно кажувам дека ќе се пријавам да бидам кандидат за претседател“, гласеше краткиот и јасен одговор на Антиќ во гостувањоо во емисијата „Улица Македонија“.

Мандатот на актуелниот претседател на МКФ, Петар Наумоски истекува следниот месец по што ќе биде свикано изборно собрание.

Наумоски нема да поднесе нова кандидатура за претседател, но се очекува даму даде поддршка на Владимир Темелковски кој треба да биде противкандидатот на Перо Антиќ.

SHARE