Песните на Цеца забранети во Албанија, пејачката реагира

По забpаната да се емитуваат нејзините песни на јавниот сервис на Албанија (РТШ) од страна на албанското тело за аудио и видео медиуми. Се огласи фолк-ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ.

„Не сум слушнала за забраната во Албанија. Сметам дека музиката не смее да има граници и бариери. Барем тоа е правило по кое се водам во текот на кариерата овие години наназад. Никогаш во своите песни не сум пренела политичка порака или омpаза. Секогаш е и ќе содржи само љубовни пораки бидејќи мојата песна ги спојува луѓето, како што и јас ги сакам сите луѓе, вели пејачката за српски „Блиц“.

SHARE