Пет е бројот на починати во последните 24 часа

Министерството за здравство информираше дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти заболени од коронавирус.

Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години, потврди Министерсвото за здравство.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот и тоа во Скопје – 15, во  Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3.

SHARE