Петар “Суперхикс”: Има ли дно под дното? (ВИДЕО)

Фронтменот на групата Суперхикс Петар Младеновски во врска со најава за концерт на Македонската Филхармонија прашува дали оваа национална институција може да се симне подолу при изборот на гости.

Според најавата во филхармонијата ќе настапува хрватската пејачка Нина Бадриќ.

“Одиме понатаму со наградното прашање “Има ли дно под днотоооо??“
1. Повикај пријател
2. 50/50
3. Прашај ја Филхармонија”, пишува Младеновски.

Нина Бадриќ е пејачка на забавна музика и нема никаква врска со класичниот репертоар на кој сме навикнати во националната музичка институција.

Експертите во нејзината земја ја прогласија за најсекси жена на 40 години