Петир: Би сакала следна членка на ЕУ да биде Македонија

Хрватската европратеничка Маријана Петир посакува Македонија да биде следната членка на Европска унија.

„Верувам дека ЕУ ќе биде отворена за проширување и лично би сакала идната држава-членка да биде Македонија, која уште во далечната 2003 година беше идентификувана како потенцијална кандидатка за членство во ЕУ, а во 2005 година ѝ беше доделен статус на држава кандидатка. Бевме сведоци дека Македонија е оставена во чекалницата и оти ѝ се поставуваа услови што на другите држави кандидатки не им биле поставени. Факт е исто така дека Македонија пред политичката криза што ја погоди беше економски лидер и оти беше многу поподготвена да ѝ пристапи на ЕУ отколку што тоа беа некои држави при својот влез во Унијата. На Македонија треба да ѝ се отворат преговори и да ѝ се даде европска перспектива“, изјави
за хрватскиот портал hkv.hr основачката и шефица на Група пријатели на Македонија во Европски парламент до смената од Владата на Заев пред една година.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар