Поранешниот бугарски министер за внатрешни работи Румен Петков повика Софија да се откаже од договорот за купување ловци Ф-16 и тие пари ги вложи во здравството.
„На пример, да објавиме дека го раскинуваме договорот Ф-16. Две и пол милијарди лева (1,1 млрд долари) веднаш ќе се вратат во нашата економија, пред сè и основно на здравствената заштита. Треба да се запрашаме што ни треба: респиратори, тестови или некои авиони што ќе пристигнат откако ќе помине вирусот корона “, изјави Петков за Телевизија Европа.

SHARE