Тестовите направени вчера покажаа дека пет лица вработени на Клиниката за кожни болести се позитивни на коронавирус, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Петтемина немале никакви симптоми и дури на 16. ден биле тестирани и се позитивни на вирусот. Сите се на домашно лекување, информираше министерот.

Филипче рече дека досега се направени 30 тестови на лицата кои имале контакт со разрешената директорка на Кожната клиника и од нив 5 се позитивни.

Во следните денови ќе се направат и други тестови на лицата кои имале контакт со неа.

SHARE